За вљубениците во книгата од денеска до 25 јули најпопуларните наслови на Арс Либрис на 30% попуст и во комплети со намалена цена само на literatura.mk! Побрзајте за да го најдете последниот реквизит потребен за убав одмор ова лето!
Ново на литература.мк: Исповеди од Колин Хувер – роман, добитник на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса. Од број еден бестселинг-авторката на „Њујорк тајмс“ Колин Хувер излезе нов роман за ризикување сè заради љубов – и за пронаоѓање на своето срце некаде помеѓу вистината и лагите. „Исповеди е уште една емотивно наполнета и извонредно срочена...
Волшебник со бои. Мајстор на надреални ситуации и доживувања. Сплотувач на култури, трагач по нови предизвици. Неговите платна ги има од Јапонија до Америка, а на тој пат ќе подзастане со неговата четка и со напластените впечатоци, ќе прочита некаде нечии стихови, ќе исполни некое ново оптегнато бело платно и назад кон неговиот дом, во...
1. Рафтови за оние што ја сакаат библиотеката на „Убавицата и ѕверот“ 2. Сон за спална соба 3. Инспиративна домашна канцеларија што си ја посакува секој писател 4. Удобна и шарена библиотека, создадена за дружење 5. Восхитувачка, од под до таван библиотека 6. Стилизирана спирала 7. Огромна библиотека 8. Светларник во домашната канцеларија 9. Удобна спална – библиотека-соба 10....
Летото е првенствено за одмор, а децата треба целосно да уживаат во него. Но, секако, ќе ви биде корисна дополнителна занимација, а доколку е и полезна за развивање на малите сиви мозочни келии, тогаш е секако добредојдена. J Книгите со активности за децата од училишна и предучилишна возраст се полн погодок, особено затоа што се...
Моќта е опасна игра… Извадок од романот „Црвена кралица“ од Викторија Авејард Сè што гледам додека паѓам е виолетово, додека светлосниот штит се крева да ме пресретне. Целиот шушка од електричен набој, парајќи го воздухот. Едвај имам време да разберам што се случува, ама знам дека испреплетеното виолетово стакло жива ќе ме свари, ќе ме...
19 септември 1949. Еден мал авион двокрилец на Кралските воздухопловни сили се упатува југозападно кон либиската пустина. Последните зраци од сонцето на заоѓање го осветлуваат песокот со жесток црвен отсјај. Пилотот лета ниско. Тој има намера да се придружи на својата ескадрила, но не може да ја лоцира камуфлираната писта. Резервоарот со гориво му е...
Приказна за едно момче по име Финч и една девојка по име Вајолет… Извадок од романот „Сите светли точки“ од Џенифер Нивен ФИНЧ Тринаесетти ден Фрлам со камчиња по нејзиниот прозорец, но не слегува. Се мислам да заѕвонам на врата, но така само ќе ги разбудам нејзините родители. Се обидувам да чекам, но нејзината завеса...
По три збирки поезија, „Шеќер по подот“, „Под нулата“, за која во 2013 година ја добива наградата „Бели мугри“, и „Модри фантазии“, за поетесата Снежана Стојчевска дознаваме дека поезијата прецизно ја дефинира, но и ја ослободува. За нејзините чисти и чесни песни, ослободени од современото бреме, поетските собири „Асталните проекции“ се месечна катарза каде што...
Денеска со почеток од 18 часот, во рамки на летниот саем на книгата во трговскиот центар „Сити Мол“, издавачката куќа Арс Ламина организира дружење и читање на македонски волшебни приказни од едицијата „Бајки од Македонија“ со актерката Сања Арсовска од Драмски театар Скопје, позната и како Лина од 5+ бенд. Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четири македонски волшебни...
Бестселери, ѕвезди на светската книжевност, детската литература и многу други наслови од различните едиции на „Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк од утре, 15 јуни, па до 21 јуни на попуст до 70% на летниот саем на книга, што ќе се одржи во на приземјето во трговскиот центар „Сити мол“. Вашиот истанчен вкус за книга и...
Обединети околу дефинираните долгорочни цели, како подигнување на културата за читање книга, заедничка битка за правата на издавачите и промоција на домашната издавачка продукција во светот, издавачите ја формираа Македонска асоцијација на издавачи – МАИ, што на Саемот на книгата во Париз го имаше својот прв професионален предизвик. Во пресрет на следните активности, разговаравме со...
Овој викенд, во сабота и во недела, со почеток од 11 и од 12 часот, Арс Ламина, во соработка со скопската зоолошка градина, организира серија работилници на тема „Пчеличката Маја и пријателите: Неверојатни факти за пчелите, бубачките и природата“. Во рамки на работилниците децата низ игра и забава ќе имаат можност да се запознаат со...
Збирката бајки на која се наоѓа потписот на Ана Франк е продадена за 62.500 долари на аукција во Њујорк, односно двапати повеќе од почетната цена, соопшти галеријата „Сон аукшн“, што ја организираше продажбата. Станува збор за книгата бајки на браќата Грим на германски јазик, што ѝ припаѓала на Ана, а во која се наоѓаат и...
Најпопуларните наслови на „Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк од денес, па до четврти јуни на попуст до 70% на летниот саем на книга, што ќе се одржи во Трговскиот центар „Рамстор“. За вљубениците во книгата следуваат подароци и изненадувања. Ве очекуваме на штандовите на литература.мк, за да го најдете последниот реквизит потребен за убав одмор. Инаку,...
Ново на literatura.mk во едицијата „Лауреати“ – романот „Месечарска земја“, прогласен за една од дванаесетте најдобри африкански книги на XX век. Стилски во дослух со најдобрите навики на латиноамериканскиот магичен реализам, опусот на Миа Коуто го одразува и влијанието на гигантите на бразилскиот книжевен XX век, Жоао Гимараинш Роса и Жоржи Амадо. Црпејќи од регионалниот мозамбички вокабулар, Коуто...
Најстарото македонско списание за литература, култура и уметност „Современост“ со промоцијата на јубилејниот број на списанието, одбележa 65 години од постоење. Во чест на јубилејот во НУБ „Климент Охридски“ е поставена ретроспективна изложба што го прикажува развојот на списанието низ годините, што непрекинато излегува од 1951 година и на своите страници ја создавало историјата на...
Интернетот кај секого официјално го уништи распонот на внимание, до таа мера што ако сега сакате да ја прочитате книгата „Кучето Спот“ потребна ви е огромна концентрација. Затоа, нам ни е страв да помислиме колкумина би успеале да ги прочитаат овие чудовишта на прозата; титани на текстот. Подолу ги наведовме десетте најдолги, најепски романи што...
Моја библиотека: Снежана Бодановска-Сани По петнаесет години активно учество на модната писта и дваесет години новинарска кариера, модната хроничарка Снежана Бодановска-Сани го зачува од заборав своето искуство и го вкоричи во првaта книга за мода кај нас „Моите стории, мојот живот“. Дали има ли книга што си ја препрочитала повеќе од трипати? Иако животното време е...
Три илјади книги во јама, покриени со стакло, се дело на скулпторката Сузана Хеселберг, уметница која честопати користи книги како инспирација за својата уметност. Во близината на Архус во Данска има дупка во земјата, покрај крајбрежјето. Квадратестата јама е покриена со стакло и се протега надолу. Кога човек ќе се загледа повнимателно, ќе забележи дека...
Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четири бајки, односно македонски волшебни приказни кои претставуваат дел од нашата усна традиција. Овие приказни, собрани од Марко Цепенков и Танас Вражиновски, сега се преточени во модерни сликовници, адаптирани на модерен јазик и прилагодени на децата од предучилишна возраст. Илустрациите за „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Девојчето и...
Илустрациите на сликовниците ги изработи Катерина Николовска чие идејно решение победи на конкурсот за избор на илустратор распишан од Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ „Браво сине“, на кој пристигнаа 38 решенија. Во насока на поддршка на креативноста, селекција од 15 пристигнати решенија ќе бидат изложени во просториите на „Јавна соба“ од 13....
„Лили Лит“ е ламба за читање дизајнирана од Тирс Смитс и Лиедевиј, двојка од Холандија, која со овој производ има цел да го заокружи задоволството на читање книга. Ова парче мебел е спој на книга, ламба и разделник. Вградениот сензор овозможува вклучување и исклучување на светилката без прекинувач. Кога ќе ја ставите книгата на местото...
Ново од „Арс Либрис“ во едицијата Современи класици: Четири наслови од еден од најзначајните прозаисти на XX век, добитник на Нобеловата награда за книжевност, Габриел Гарсија Маркес, кој е еден од ретките критички уважени автори лесно пристапни и за обичниот читател. Љубов во време на колера Длабоката младешка љубов на Флорентино Ариса и Фермина Даса...
„Нултиот број“, последниот роман на Умберто Еко, сега достапен и на македонски јазик. Tрилер што се чита во еден здив, а ни открива како новинарството уште во текот на деведесетте години на минатиот век добива таблоидна форма и станува оружје во рацете на оние што грабаат богатство и моќ. Приказната, поставена во 1992 година, се...
Неодамна починатата Харпер Ли, чијшто прв роман, „Да се убие птицата подбивница“, за расната неправда во едно гратче во Алабама, се распродаде во повеќе од 40 милиони копии и стана едно од најсаканите и најпродавани дела што некогаш биле напишани од Американец, историјата ќе ја запише како книжевна ѕвезда по една книга. Почина на 89...
Март е месецот да ги славиме жените, нивните борби, нивните триумфи и нивното место во денешниот свет. За да прославиме, се сетивме да составиме листа од омилени книги што зборуваат за животите и постигнувањата на жените ширум светот. 1. Јас сум Малала, Малала Јусафсај и Кристина Лемб Извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште...
Моја библиотека: Жарко Димитриоски Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот? „Како ја изгубив невиноста“ од Ричард Бренсон. Книгата е автобиографија, зборува за првите триесетина години од животот на Бренсон и градењето на брендот „Вирџин“. Просто, да не ти се верува како...
Наскоро на литература.мк во едицијата Лауреати – Сета светлина што не можеме да ја видиме од Ентони Дор Сета светлина што не можеме да ја видиме на Ентони Дор е една од оние ретки книги за кои публиката и критиката се едногласни: неколкумесечен бестселер, роман обожаван од читателите и роман што се закитува и со најпрестижната американска...
Умберто Еко, италијански научник во таинственото поле на семиотиката, кој стана автор на најмногу продавани романи, особено блокбастерот, средновековната мистерија „Името на розата“, почина во петокот во неговиот дом во Милано, на 84 години. Како семиотичар, Еко беше во потрага да ги толкува културите преку нивните знаци и симболи – зборови, верски икони, бајраци, носии,...
Милчо Манчевски – автор, синоним за Mакедонија, чиешто творештво на 650 страници низ дискурси на различни филмски теоретичари, историчари и филозофи, дополнето со „невидливите“ архивски материјали, остатоци од неговите дела е вкоричено во монографијата „Манчевски“. Истражувачката посветеност на авторката Марина Костова создава колосално дело, што минатата година на Саемот на книгата е наградено како оригинално...
Детскиот роман „Четири пријатели онлајн!“ од авторката Каролина Каприја е одлично четиво за сите читатели кои се соочуваат со чувствителната пубертетска и тинејџерска возраст. Во романот се појавуваат четири главни лика, три момчиња и едно девојче, кои раскажуваат случки од нивното секојдневие кога се среќаваат на чет. Така, преку личното раскажување доаѓа до израз колоритноста...
Издавачката куќа „Арс Ламина публикации“ ги поканува креативните студенти да достават предлог-дизајн корици за пет романи од едицијата „Прошетка низ Европа“. Оваа едиција вклучува романи на современи европски автори и има цел да го одведе читателот на книжевно патешествие низ различните културни предели на Европа. Издавањето на едицијата претставува дел од проектот „Креативна Европа“, поддржан...
Аргентинската издавачка куќа „Етерна Каденција“ лансираше необичен концепт на книги што се самоуништуваат, доколку не се прочитаат веднаш. Еднаш отворената книга има „рок на употреба“ или може најдолго да се прочита за два месеца, инаку се самоуништува. Проектот „Книга што не може да чека“ (El Libro Que No Puede Esperar) ја лансираше издавачката куќа „Етерна...
Моја библиотека: Рисима Рисимкин Уметноста е нејзиниот живот, а танцот нејзиниот идентитет. Љубовта, насмевката и книгата се основниот патоказ за сè и затоа вели дека нема потреба од грижи, само поглед напред. Рисима Рисимкин, кореограф, за чие име и светот знае. Дали има книга што си ја препрочитала повеќе од трипати? Има повеќе такви книги....
Замислена како шеговит подарок на братот кон саканата сестра, инаку сопруга на Лав Толстој, книгата „Семејниот готвач на Лав Толстој“ преку колекција на рецепти ни овозможува да ѕирнеме во семејниот живот на авторот на „Ана Каренина“, „Војна и мир“ и други ремек-дела. Ова не е критички есеј, ниту, пак, уште една биографија. Оваа книга е...
Младата илустраторка Николовска e добитник на паричната награда од 200.000 денари, што ја доделува Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“. Едицијата „Бајки од Македонија“ ќе биде издадена во мај годинава, кога ќе може да се најде и во продажба Креативното решение на Катерина Николовска за илустрација на едицијата „Бајки од Македонија“...
Во писмото што пред 12 години Марк Закерберг го праќа до инвеститорите, тој ги запознава со идејата за „Фејсбук“, не само да стане компанија туку и да ја оствари својата социјална мисија – да го направи светот поотворен и поврзан. По 12 години тој и неговиот тим остануваат доследни на мисијата, но создадоа и многу...
Кога на својата триесет и прва година, при еден МРТ-преглед од страна на неговите двајца најблиски соработници, францускиот невро-истражувач Давид Сербан-Шрајбер ќе открие дека има рак на мозокот, веројатно и самиот нема да може да претпостави дека деценија и пол подоцна, на страниците на својата книга Антиканцер: Нов начин на живот, токму овој миг ќе...
Се ближи празникот на виното и љубовта, што е причина повеќе да им посветите посебно внимание на вашите најблиски. Изненадете ги со подарок книга полна љубов, а ние ќе ви помогнеме во изборот: „Сплеткарот Купидон“ од Џина Ардито – кратка љубовна приказна за Св. Валентин „Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут – еден од најчитаните љубовни романи...
Ова e преглед на неколку книги за глобалната миграција и за сокршените граници, вклучувајќи ја „Градот на трњето: Девет животи во најголемиот камп за бегалци на светот“ од Бен Роленс. Книгата на Роленс не е измислица, туку прифатените и популарни романи од последниве години го поставија прашањето за бегалците пред пошироко внимание со тоа што...
Моја библиотека: Билјана Максимовска Јавноста ја знае како лице од медиумите, иако многу подолг период се занимаваше со маркетинг и односи со јавност. Стекнатите искуства и знаења како сврзани садови не знаеш за што ќе ти се најдат, како нејзиното знаење по диплома, вешто зборување на неколку јазици, со што ја прави привилегирана литературата да ја...
Сценаристката за игри, стрипови и филмови се присетува на дарбата на татко ѝ, Тери Прачет, за опсервацијата, неговата љубов кон природата и идилата од детство исполнето со чудесии, животински свет и мачки Татко ми многу зборуваше за смртта. Тој веруваше дека треба да бидеме повеќе како нашите викторијански предци, кои, иако биле мошне срамежливи кога...
Белата куќа ја објави листата на пет наслови на книги кои американскиот претседател ги чита за време на својот двонеделен летен одмор. Според соопштението, американскиот претседател е љубител во мемоарите и научната фантастика, пренесува АФП. Меѓу книгите кои во моментов ги чита претседателот Обама е и делото на добитникот на Пулицеровата награда, Вилјам Финеган, автобиографија...
Ана Џејмс од The pool го прочита продолжението на (што всушност беше претходно напишано) Да се убие птицата подбивница во текот на една ноќ. Ми се случи да ја убијам птицата подбивница доцна. Бидејќи не ја учевме на училиште, таа книга тивко ја прочитав и тивко ја засакав, пред околу пет години, така што тогаш...
Романот што е напишан од вештачка интелигенција и мала помош на човечкиот фактор го помина потесниот круг на конкурсот за национална книжевна награда на Јапонија. За среќа или несреќа, не освои награда, но овој обид претставува чекор напред во областа на вештачката интелигенција Иако мислев дека на мојата работа не ѝ се заканува автоматизација, компјутерот...